Шест странски компании доаѓаат во Македонија

Bez autora
Apr 06 2013

Шест странски компании веќе имаат донесено одлуки, три од нив од Турција и три мултинационални од различни држави од Европа. Трите турски компании деновиве заедно со директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, Висар Фида ги објавија своите намери за инвестирање. Другите три очекуваме до крајот на април или почетокот на мај, кога тие ќе одлучат да се објават нивните одлуки. Од нив дел се заинтересирани за Скопје, но дел и за внатрешноста во Македонија. Една од нив е заинтересирана за охридско-струшкиот регион, односно во таа ТИРЗ, која наскоро ќе почне да се гради. Друга е определена за Велес. Според него уште шест странски инвеститори се во финална фаза да донесат одлука и да направат избор дали да дојдат во Македонија или уште во една друга земја.

Шест странски компании доаѓаат во МакедонијаШест странски компании веќе имаат донесено одлуки, три од нив од Турција и три мултинационални од различни држави од Европа, најави премиерот Никола Груевски.

- Трите турски компании деновиве заедно со директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, Висар Фида ги објавија своите намери за инвестирање. Другите три очекуваме до крајот на април или почетокот на мај, кога тие ќе одлучат да се објават нивните одлуки. Од нив дел се заинтересирани за Скопје, но дел и за внатрешноста во Македонија. Една од нив е заинтересирана за охридско-струшкиот регион, односно во таа ТИРЗ, која наскоро ќе почне да се гради. Друга е определена за Велес - изјави Груевски.

Според него уште шест странски инвеститори се во финална фаза да донесат одлука и да направат избор дали да дојдат во Македонија или уште во една друга земја.

- Верувам дека и кај овие ќе имаме добар успех и дека во поголем дел од нив конечниот избор ќе биде Македонија. Активно работиме на ова. Ова е нашиот главен приоритет - привлекување инвестиции независно дали се домашни или странски, отворање нови работни места за граѓаните на Македонија - истакна Груевски.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида објави влез на нов странски инвеститор во државата. Се работи за британската компанија Асенд капитал", којашто во Скопје ќе отвори кол-центар за директен маркетинг и регионална продажба на еколошки препарати за чистење. Производите првично ќе се продаваат во земјите од регионот и Турција. Во првата фаза во периодот од 12 до 18 месеци компанијата планира да вработи од 100 до 150 млади кадри од Македонија, а во втората фаза е предвидено да го преселат производството од Велика Британија во некоја од слободните индустриски зони.

- "Асенд капитал" е сопственик на "Актив груп" со глобална мрежа на кол центри во Европа и Африка, кој отвора кол-центар во Македонија за продажба на своите производи - изјави Фида. Според него главни причини за одлуката за инвестирање во Македонија од компанијата ја посочиле одличната деловна клима, стабилната макроекономска политика, цената на трудот и државната помош.

Директорот на "Асенд капитал", Џастин Драмонд изјави дека се многу задоволни што одлучиле да инвестираат во земјата.

- Оваа првична инвестиција ќе претставува одлична платформа за проширување на нашите активности во Македонија. Во наредниот период планираме да префрлиме дел од производството на еколошките средства за чистење во Македонија, што ќе значи 400 вработувања - истакна Драмонд. Според него, вредноста на инвестицијата во првата и втората фаза се проценува на неколку стотици илјади евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik